Стар Трек на ТВ

  • Author:
    n/a
  • Send To:
    Македонски национални телевизии
  • Sponsored By:
  • More Info at:
Ве молиме прочитајте убаво: не заборавајте да го внесете вашето целосно име и презиме и email, затоа што ова ке испрати цврста порака до македонските телевизии. Запамтете, внесете го и градот бидејќи само тој се појавува во потписот.За да се заштитиме од spam секој потпис мора да биде прегледан пред да биде запишан, затоа вашето име нема одма да се појави. Секој исправен потпис ке биде запишан и однапред ви се извинуваме поради закаснувањето (THIS PETITION IS FOR MACEDONIAN CITIZENS ONLY)
-----------------------------------------------------------
До: MRTV

MRTV, bul. Goce Delev bb, 1000 Skopje
Tel: + 389 (0)2 31 12 557; 31 19 505
Fax: + 389 (0)2 31 12 578

http://www.mrt.com.mk/
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

A1
А1 Телевизија
Перо Наков 60
1000 Скопје
Тел: + 389 2 25 50 301
Факс: + 389 2 25 50 330
http://www.a1.com.mk/
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------
Sitel

Адреса:
Сител Телевизија Градски стадион б.б
Тел: 02/ 3 11 65 66
Fax: 02/ 3 22 97 99

http://www.sitel.com.mk/

Telma

Адреса ул. "Никола Парапунов" бб. 1000 Скопје
Телефон +389 2 376 677, +389 2 364 653
Факс +389 2 364 596

http://www.telma.com.mk/
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Kanal 5
Телевизија Канал 5
Улица Скупи
1000 Скопје
Република Македонија

http://www.kanal5.com.mk/


Серијалот Ѕвездени Патеки на 8 Септември 2006 ја прослави 40 годишнината од нејзиното прво прикажување на малите екрани. Без сомнение тој е еден од најиздржливите и најпопуларните ТВ франшизи кога било претставени во светот. За кратко време тој успеа да прерасне во глобален феномен со милионска база на фанови кои го подржуваат серијалот, кој го почитуваат серијалот и за некој од нив дури прерасна во начин на живот. За значењето на серијалот, а и за неговиот удел на денешното општество е многу пишувано и зборувано. Голем број на научници, научници кои ни ги претставија компјутерите, мобилните телефони, голем број на медицински апарати, и многу други технолошки достигнувања како единствена инспирација за нивниот успех, а и идеја на која работеле, е Ѕвездени Патеки. Астрономите исто така. Еден од најголемите умови во човештвото физичарот Stephen Hawking е голем љубител на серијалот и работи на некои од технологиите кои се претставени во серијалот. Доволно е да се спомене Ворп погонот. Од технолошка страна, несомнено е дека Ѕвездени Патеки остави огромен впечаток за благодетите кои денес ги земаме здраво за готово.

Но не е само технологијата која е благодет од овој серијал. Пораката и моралните вредности кои ги праќа Ѕвездени Патеки преку ликовите е главната причина за овој публицитет кој го ужива денес. Безброј пароли во Соединетите Држави можат да се сретнат со мотото: Everything I learned about life is from Star Trek. А и не е ни чудно. Безброј психолози велат дека серијалот има многу позитивно влијание врз менталниот развој на младиот човек.

Самиот автор на серијалот Gene Roddenberry го сметаат како еден од најголемите борци за еднаквост и толеранција во светот. Во Ѕвездените Патеки за прв пат беше прикажан бакнеж на ТВ помеѓу бел маж и црна жена што во Шеесетите години на 20-тиот век не беше мала работа. Еден од главните ликови во оригиналниот серијал беше Русин, што во екот на Студената Војна исто така не беше мала работа да се изведе. Но авторот имал визија во која верувал, истраал да ја прикаже и која е почитувана до ден денес. Првиот Space Shuttle на Nasa беше крстен Enterprise, во чест на фиктивниот брод од Ѕвездените Патеки. Постојат и многу други показатели кои ја покажуваат големината на серијалот.

Во Македонија веќе од 4 Септември 2006 постои официјално здружение на љубители на серијалот Ѕвездени Патеки, наречено Мак Трек, кое за најголема задача ја има да го промовира серијалот на нашите простори.

Затоа Ве молиме Вас, да ни помогнете во нашата цел, а и да го слушнете гласот на вашите гледачи, со што ќе започнете на вашата ценета телевизија да го прикажувате серијалот.

Однапред благодариме